Романскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

Романскиот министер за внатрешни работи и администрација Василие Блага денеска поднесе оставка.
Неговата оставка е поради минатонеделниот скандал со протестниот марш на полициските службеници, што претходно не бил одобрен. Поради тоа премиерот Емил Бок и претседателот Трајан Басеску ги откажаа полициските услуги за полициска придружба.
Според неименувани владини извори на местото на Блага можно е да биде именуван актуелниот минисетр за одбрана Габриел Опрја, а на негово место да дојде пооранешниот министер за правда и за надворешни работи Кристиан Дјаконеску.