Вељановски на средби со Турскиот Претседател и Вселенскиот Патријарх

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски во рамките на дводневната посета на Република Турција денеска во Истанбул ќе се сретне со претседателот на Република Турција Абдулах Ѓул, како и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.
Од Кабинетот на Вељаноски информираат дека утре тој во Анкара ќе се сретне со претседателот на Големото Народно Собрание на Турција, Мехмет Али Шахин и со претседателот на парламентарната група за соработка меѓу Република Турција и Република Македонија, Седат Кизилџикли.