Потребни се уште илјада тренери за авганистанските сили

Командантот на тренинг мисијата на НАТО во Авганистан Генерал Полковник Вилијам Колдвел изјави дека ќе побара од лидерите на Алијансата уште илјада специјализирани тренери за подигање на безбедноста на авганистанските сили. Американските сили треба да почнат да се повлекуваат од Авганистан во јули 2011 и доколку не се добијат потребните тренери, транзицијата на безбедноста може да биде одложена, изјави Колдвел за Вол Стрит Журнал.