Ахмадинаџед ги повтори обвинувањата за нападите врз САД

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја бранеше својата изјава дека повеќето луѓе во светот веруваат дека Соединетите држави стоеле зад терористичките напади на 11 септември 2001 година. ..Јас не судам, но зарем не мислите дека е време за комисија за утврдување на фактите,, изјави Ахмадинеџад на прес конференција во Њујорк. Американскиот претседател Барак Обама во интервју за Би Би Си оцени дека ваквите изјави на Ахмадинеџад се навредливи и неопростливи. Инаку на прес конференцијата, иранскиот претседател изјави дека Техеран би можело да го прекине збогатувањето ураниум, но само ако од светските сили добие гориво за нуклеарниот ректор кој бил наменет за истражувања во медицината.