Обама ќе повика на обединување за мир на Блискиот Исток

Американскиот претседател Барак Обама ќе ги повика светските лидери да се обединат околу израелско-палестинскиот мировен процес. Во говорот пред Генералното собрание на ОН, Обама ќе ги повика лидерите да ги стават настрана децениските поделби околу тој конфликт.
Обама ќе посочи дека мирот мора да биде постигнат од Израелците и од Палестинците, но оти остатокот од светот „има одговорност да го направи својот дел“ во тој процес.