Турците ги прифатија уставните измени

Граѓаните на Турција ги изгласаа предложените уставни измени. Официјалните податоци покажуваат дека на референдумот од 12 септември, речиси 60 отсто од граѓаните гласале за промените.
Со уставните измени се предвидува воените офицери да можат да бидат судени на цивилни судови.
Државните службеници добиваат право да водат колективни преговори, но не смеат да штрајкуваат.
Ниту една од опозициските партии во Парламентот не ги поддржува овие уставни измени. Според критичарите, Владата се обидува со ваквите измени да ја зајакне контролата врз судската власт.