Петмина загинати во Таџикистан

Петмина осомничени исламистички милитанти загинале во воена операција во источниот дел на Таџикистан. Властите започнаа воена офанзива против милитантите по убиството на дваесет и петмина војници. За денешната офанзива нема дополнителни информации за повредени или загинати војници.