Главниот економски советник на американскиот претседател Барак Обама, Лоренс Самерс, до крајот на годинава ќе ја напушти Белата Куќа. Тој вчера соопшти дека ќе си поднесе оставка и ќе се врати на Универзитетот Харвард како професор. Самерс се сметаше за еден од главните креатори на економската политика на Обама и е трет член на неговиот економски тим кој си заминува од позицијата во последниве неколку месеци.