Ватикан под истрага за перење пари

Римските обвинители испитуваат двајца функционери од Ватиканската банка како дел од истрагата за перење пари. Под истрага е и генералниот директор на банката Еторе Готи Тедески.
Во соопштението од Ватикан се вели дека тие се „скептични и запрепастени“ од истрагата за перење пари.