Светската здравствена организација соопшти дека секоја година во Европа умираат повеќе од 15 илјади млади луѓе од насилна смрт. Во 40 отсто од случаите жртвата е избодена. СЗО оценува дека насилната смрт на 40 млади луѓе дневно е огромна загуба за општеството. Најопасни држави за младите се Русија, Албанија и Казахстан. На секој убиен младинец, има 20 претепани кои побарале болничка помош.