Бесплатно студирање за Ромите на Универзитетот во Штип

Универзитетот Гоце Делчев од Штип донесе одлука, студентите Роми кои студираат или планираат да се запишат на некој од факултетите да бидат ослободени од партиципација.
Во Универзитетот информираат дека оваа одлука е во согласност со Стратегијата за Ромите, а ќе значи дополнително охрабрување на оваа група на граѓани да студираат и да завршат високо образование.