Предвремени избори во Молдавија

Уставниот суд на Молдавија оцени дека в.д. претседателот Михаи Гимпу може да побара распуштање на парламентот. Предвремените избори се планираат за крајот на ноември.
Силите треба да си ги измерат прозападната владејачка коалиција составена од 4 партии и опозициските комунисти, кои се најголема партија во земјата. Поради тенкото мнозинство на владејачката коалиција, Молдавија повеќе од една година е без претседател. Референдумот кој требаше да дозволи претседателот да се бира на избори наместо во Парламентот не беше успешен.