ИВЗ собира хуманитарна помош за Пакистан

Исламската верска заедница организира хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите во Пакистан. Акцијата ќе почне идната недела преку муфтиствата на ИВЗ, џамиите и другите образовни институции. Поглаварот на ИВЗ Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи ги повика „сите хумани граѓани без разлика на нивната вероисповед“ да се вклучат во акцијата.