Десничарите во Шведска ќе тераат втор мандат

Според анкетите за излезност на шведската државна телевизија, централно десничарската коалиција е реизбрана на изборите во Шведска. Според објавните податоци, коалицијата на премиерот Фредерик Рајнфелд победила со 49,1 процент од гласовите додека опозициската коалиција освоила 45,1 процент од гласовите. Со тоа десничарите освоиле 172 места во Парламентот од можни 349. Ова ќе биде втор мандат на десничарска влада во последниве 80 години во кои политички доминира социјалдемократите.