Избори во Шведска

Во Шведска денеска се одржуваат парламнетарни избори. Анкетите покажуваат дека владејачката партија на премиерот Фредрик Реинфелт е во тесно водство, но може да го загуби мнозинството ако во парламентот влезат преставници од партијата на Шведските демократи кои се естремни анти-исламисти. Тие се залагаат за драстично намалување на бројот на имигрантите. Во Шведска, 14 процнети од населението се имигранти, и тоа најмногу од Финска, Ирак, Полска и од земјите од поранешна Југославија. Ако анкетите се покажат точни, премиерот Реинфелт ќе биде првиот лидер на десничарска партија кој добил втор мандат по речиси еден век.