Груевски загрижен од ставот на опозицијата за името

Ме загрижува ставот на опозицијата да прифатиме име со географска одредница за севкупна употреба што ќе значи и промена на Уставот, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Тој рече дека Грција вчера повторила дека не отстапува од барањето „ерга омнес“, а потоа целата опозиција излегла со став дека треба да се најде начин за договор со Грција.