Руската владина агенција за обезбедување на највисоките функционери регистрирала веб адреса Путин 2012та, што според некои аналитичари е сигнал дека Путин ќе се кандидира за претседател на Русија во 2012-та. Таква веб адреса не е регистрирана со името на актуелниот претседател Дмитриј Медведев. Инаку, Путин и Медведев неодамна изјавија дека кога ќе дојде време, ќе разговараат кој ќе се кандидира за претседател на Русија во 2012-та.