Карачи затворен по убиството во Лондон

Најголемиот пакистански град Карачи денеска е целосно затворен по убиството во Лондон на политичарот Имран Фарук кој му припаѓаше на најголемата партија во тој град движењето Мутахида Куами. Оваа партија има анти таблински позиции, а полицијата во Карачи страхува од избувнување на насилство на улиците. Фарук веќе една деценија живеел во Лондон откако полицијата го обвини за убиство. Тој ги отфрли ваквите обвинувања.