Средба Груевски -Филе во Брисел

Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел треба да се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, како и со повеќе европарламентарци. Груевски синоќа учествуваше на Самитот на Европската народна партија што се одржува во Мејси, во близина на Брисел. Самитот на Европската Народна Партија се одржа во пресрет на денешното вонредно заседание на Советот на ЕУ. Министрите за надворешни работи на ЕУ се очекува најпрво да ги разгледаат односите со главните светски партнери , но и да се осврнат на приемот на нови земји членки