Милошоски на Конференција на Европските народни партии

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на Европските народни партии на тема „Кризата во Европа – иновирање на политиките на ЕУ, остварување раст и борба против сиромаштијата“, што се одржува во Будимпешта. Милошоски ќе има свое обраќање во кое ќе ги реафирмира стратешките определби на Македонија за што поскоро почнување на преговорите за пристапување во Европската унија и НАТО, и поттикнувачкото влијание на тие интегративни процеси врз политичкиот и демократски развој на Балканот, соопштуваат од министерството за надворешни работи. На конференцијата е предвидено да се обратат и премиерот на Белгија Ив Летерм, во име на актуелното белгиско претседателство со ЕУ, и претседателот на Европскиот парламент Јиржи Бузек