МЖ-Транспорт се приклучи на Алијансата на железници на Коридорот 10

Македонски железници - Транспорт се приклучија на Алијансата на железници на Коридорот 10 - Карго 10, во која учествуваат и железничките претпријатија од Србија, Хрватска, Словенија и Република Српска.
Одлуката за пристапување на МЖ - Транспорт кон Алијансата, како што информираат од Хрватски железници, е донесена на денешниот состанок на директорите на Хрватски железници, Словенечки железници, Железницата на Србија и Железницата на Република Српска во Загреб.
На состанокот, за прв пат присуствувал и директорот на Македонски железници - Транспорт Оливер Дерковски.