Ослободена Американката во Иран

Американката, што повеќе од една година беше притворена во ирански затвор, е ослободена. Се уште не се знае висината на кауцијата. Пред неколку дена, иранското обвинителство побара кауција од 500 илјади долари, но адвокатот на Американската најави дека ќе за жали поради висината на сумата.
Тројца американски државјани со во притвор во Иран повеќе од една година, откако беа уапсени на границата со Ирак.
Тие велат дека планинареле. Иран ги суди за нелегално влегување во земјата, а ги сомничи и за шпионажа.