Ставрески - Зголемувањето на сиромаштијата е очекувано во криза

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека зголемувањето на сиромаштијата е очекувано во услови на криза. Државниот завод за статистика објави дека една третина од луѓето во Македонија се сиромашни.
Ставрески рече дека и во другите земји има тренд на пораст на сиромаштијата и дека стапката на сиромаштија е приближно иста и во земјите од опкружувањето.