Се урна авион во Венецуела

Се урна авион со 43 патници и четири членови на екипажот на истокот на Венецуела. Авионот се урнал непосредно по полетувањето од градот Порто Ордаз. Се уште нема официјални информации за бројот на жртвите и за причините за несреќата. Непотврдените информации велат дека спасувачите нашле најмалку 23 преживеани.