ОН ги критикува големите сили за кршење на човековите права

Претставникот за човекови права на ОН Нави Пилај денеска ги прозва големите светски сили за кршење на човековите права. Тој наведе дека Русија направила „мал напредок“ во гонењето на убијците и напаѓачите на активистите за човекови права. Франција доби критики за протерувањето на Ромите, а САД за односот кон сопствените граѓани осомничени дека имаат врски со терористи.