Турските граѓани се изјаснија позитивно за уставни реформи

Турските граѓани на референдум го поддржаа предлогот на Владата за измени на Уставот со кој се предвидуваат новини во државното уредување на земјата. Околу 58,5 отсто од гласачите се изјасниле за уставните реформи, а над 41,5 отсто биле против. Голем дел од 26 амандмани предложени од владата се однесуваат на правосудството со што ќе се зголеми бројот на судии во Уставниот суд и на членовите на Високиот совет на судии и обвинители, кои се задолжени за контрола на работата на правосудните органи.