Јапонско-кинески рибарски инцидент

Кина, по четврти пат, го повика јапонскиот амбасадор и побара итно ослободување на уапсените кинески рибари и нивниот брод, кои беа фатени на спорна територија во источното Кинеско Море. Јапонија соопшти дека рибарскиот брод се судрил со јапонски патролни чамци, откако ги игнорирал повиците да ја напушти областа и не дозволил инспекција. Капетанот на бродот ќе остане во протвор во Јапонија до 19 септември кога ќе се знае дали против него ќе биде поднесено обвинение. Пекинг предупреди дека ако не бидат ослободени рибарите, тоа ќе има сериозно влијание на односите меѓу двете земји.