Иран го одложи ослободувањето на американката

Главниот ирански обвинител Абас Џафари Долатабади денеска изјави дека ослободувањето на американата Сара Шурд е одложено поради дозавршување на некои судски процедури. До ова дојде само неколку часа откако иранските медиуми јавија дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад интервенирал да ја ослободат американката. Таа со уште двајца американци беше уапсена во минатата година во близина на границата со Ирак. Техеран ги обвини за илегално влегување во земјата и за шпионирање.