Не сме во војна со исламот, изјави Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека домашната економија покажува напредок од длабоката рецесија, но оти прогресот е бавен, додавајки дека веројатно многумина, на ноемвриските избори, ќе го обвинуваат него за таквата состојба. На прес конференција во Белата Куќа, Обама нагласи дека опструкциите од Републиканците се една од причините за слабиот економски прогрес. Обама ги повика американците и на религозна толеранција, изјавувајки дека сите се една нација, без оглед на тоа кој како го нарекува господ и оти евентуалното палење на Куранот е против американските интереси. Ние не сме во војна со исламот, изјави Обама. Во врска со ситуацијата во Авганистан, Обама оцени дека има извесен прогрес во битката против корупцијата, но оти целта е сеуште далеку. Американскиот претседател го повика Израел да го продолжи мораториумот на изградбата на доселенички населби, а палестинците да ја олеснат таа одлука со посветеност на мировните преговори.