ОН ја изгласаа ублажената резолуција на Србија за Косово

Генералното собрание на Обединетите Нации без гласање ја усвои предлог резолуцијата на Србија за Косово. Србија со Европската унија го усогласи и го ублажи текстот за предлог резолуцијата за Косово пред да му ја достави на Генералното собрание на Обединетите Нации на разгледување. Резолуцијата е поднесена по оценката на Меѓународниот суд за правда за легалноста на едностраното прогласување на независност на Косово.