Директор на музеј сакал да објави воени тајни во Украина?

Службата за државна безбедност на Украина започна кривична истрага против директорот на Музејот во Лвов Руслан Забили, поради сомневање дека сакал да открие државни тајни. Тој е осомничен дека нелегално собирал материјали кои содржеле воени тајни со намера да им ги даде на други луѓе. Музејот во кој директорува Забили е посветен на илјадниците луѓе во западна Украина, кои загинале под нацистичка или советска окупација.