Практичната настава за студентите од оваа студиска година станува задолжителна. За да запишат следна година, студентите мора да поминат 30 дена на пракса во приватна компанија или јавна институција. Ова е дел од новите правилници кои денеска ги презентираше министерот за образование Никола Тодоров. Тој вели дека правилниците се усогласени со ректорите на сите јавни и приватни универзитети во државата.