Братот на Карзаи ќарувал од недвижности

Братот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Махмуд изјави дека заработил најмалку 800 илјади долари со кредит што го добил од Кабулската банка. Тој рече дека со кредитот купил вила во Дубаи за да може да добие жителство, но ја продал за 800 илјади поскапо. Тој е трет акционер по големина во проблематичната Кабулска банка.