„Достоинство“ бара одликување на бранителите од 2001

Здружението на припадниците на безбедносните сили „Достоинство“ денеска поднесе иницијатива за одликување на бранителите кои учествуваа во конфликтот од 2001 година. Иницијативата е поднесена до комисиите за одликување на МВР и на АРМ.
Од Здружението бараат орден за воени заслуги да добијат и бранителите што ги загубија животите, бранејќи ја државата. Портпаролот на МВР Иво Котевски рече дека, доколку постои каква било законска основа, барањата ќе бидат разгледани и ќе биде излезено во пресрет.