Блер ја откажа промоцијата на книгата во Лондон

Поранешниот британски премиер Тони Блер ја одложи денешната лондонска промоција на неговите мемоари, поради страв дека ќе биде спречен од демонстантите. Блер го откажал и потпишувањето на книгата во една книжарница во Лондон.
Во неговата книга со наслов Патување, Блер цврсто ги брани одлуките што ги донел како премиер, вклучително и одлуката за напад на Ирак. На промоцијата на книгата во Даблин, антивоените демонстранти го гаѓаа Блер со чевли и со јајца.