Кастро го критикуваше Ахмадинеџад поради негацијата на Холокаустот

Поранешниот кубански Претседател Фидел Кастро го критикуваше иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад за негацијата на Холокаусот на евреите во Втората Светска Војна и анти семитските ставови. Кастро ова го коментирал за време на средбата со Џефри Голдберг, кој пишува за американскиот магазин Атлантик. Во неговиот блог, Голдберг наведува дека Кастро рекол и дека Иран може да придонесе за мирот доколку ја призане историјата на погромот врз евреите и доколку го разбере еврејскиот страв за егзистенцијата.