Шефот на грчката дипломатија во Кипар

Денеска во Никозија шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас ќе се состане со кипарскиот претседател Димитрис Христофијас. Со оваа средба Друцас ја почнува дводневната посета на Кипар, прва по стапувањето на оваа функција со вчерашната реконструкција на грчката влада.