Поранешниот битолски интернат, руина

Поранешниот битолски интернат, сега руина

Во самиот центар на Битола зградата инаку поранешен интернат, сега е руина, дувло во кое навраќаат сомнителни лица и место што се користи како јавен тоалет.
Зградата во близина на центарот на Битола, позната како стариот средношколски итернат, рунирана со децении и повеќе пати опожарувана, денес е извор на зарази, дувло во кое навраќаат сомнителни лица и место кое се користи како јавен тоалет. Од запуштениот објект се шири непријатна миризба, а внатрешноста е претрупана со отпад, па наликува на јавна депонија. Објектот е смесетен на улица „Едвард Кардељ„ во централното градско продачје, оддалечен на неколку метри основно училиште, заобиколен од сите страни со
Треба нешто да се преземи зашто ова овде е дувло. Пред години загина тука еден наркоман. Мора да се преземи нешто во центарот на градот е
стамбени згради. Пред две години во интернатот се случи грозоморно убиство, а и денес навраќат лица со девијантни однесувања, пред се наркомани и скитници. Во едно вакво опкружување околните жители стравуваат за својата безбедност и здравје.

,,Треба да се најде начин, ова е катастрофа невидена."

,,Треба нешто да се преземи зашто ова овде е дувло. Пред години загина тука еден наркоман. Мора да се преземи нешто во центарот на градот е."

,,Крајно време е сега, но и пред години требаше да биде тоа. Ова испадна сите да го користат како веце, ништо друго. Ништо никој не
Крајно време е сега, но и пред години требаше да биде тоа. Ова испадна сите да го користат како веце, ништо друго. Ништо никој не презема попусто е човек да зборува
презема попусто е човек да зборува."

,,Што било нешто да се среди, ова е катастрофа овде. Додека беше интернат, друг систем беше, средено беше. Објектот не е ни многу стар може да се реновира, ама тоа е."

Објектот како интернат не се користи околу 25 години. З овој период од таму е иснесено се што било вредно, па дури и вратите и прозорците. Од општината велат дека објектот е во надлежност на Министерството за образование. Наскоро се очекува повик за наоѓање концесионер. Ако постапката биде неуспешна објектот ќе се даде на лицитација. Ако и тоа не вроди со плод, следен чекор би можел да биде покренување на постапка со која некогашниот интернат би се пренел во надлежност на општината.