Рација во неонацистичка организација во Германија

Германската полиција изврши рација во просториите на најголемата неонацистичка организација во земјата, барајќи докази со кои ќе може да го оправда затворањето на организацијата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека рација е извршена во канцелариите на Националната организација за помош на политичките затвореници и нивните семејства, во 9 од 16-те германски провинции. Организацијата е основана во 1979 година и се претпоставува дека има околу 600 членови. Полицијата се сомнева дека организацијата се обидува да ги зајакне и поврзе малите екстремно десничарски организации ширум земјата.