Не работи метрото во Лондон

Во Лондон се одржува 24-часовен штрајк на работниците во подземната железница, поради што денеска милиони жители не можеа да дојдат до своите работни места. Протестот е поради најавените отпуштања од работа. Околу 3 ипол милиони луѓе дневно го користат лондонското метро.