Реконструкција на грчката влада

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ја реконструира владата во обид да се засили борбата на неговата администрација со должничката криза. Промените не го вклучуваат министерството за финансии, каде што на функцијата останува Јоргос Папаконстантину. Со реконструкцијата, објавена рано изутринава, грчката влада добива нови министри за труд, економија, здравство и за земјоделие. Измените се критикувани од опозицијата, бидејќи според неа, тие се доказ за неуспехот на владата по едногодишното владеење.