Во Албанија бесплатни учебници за Македонците и Грците

Албанската Влада ќе им додели бесплатни учебници на учениците во задолжителното основно образование од македонска и грчка националност, јави МИА. Според Јован Кристиќи, советник на министерот за образование, Владата ја донела одлуката врз основа на препораките на меѓународните претставници во процесот на европска интеграција на земјата. Станува збор за 700 ученици од двете етнички заедници, изјави Кристиќи, додавајќи дека како критериум не се зема економската состојба на семејствата.