Талибанците ќе ги напаѓаат избирачките места

Талибанците се заканија дека ќе ги нападнат гласачките места за парламентарните избори на 18 септември и ги предупредија Авганистанците да не излегуваат на гласање. Портпаролот на Талибанците изјавил дека изборите се во корист „само на странците, кои преку таков процес сакаат да го обезбедат своето присуство во земјата“.