Пакистан: американски воздушни напади

Пакистанските власти денеска соопштија дека во напад извршен со американско беспилотно летало во Северен Вазиристан биле убиени најмалку шест луѓе. Ова подрачје се граничи со Авганистан и е познато како засолниште на талибанците и на припадници на Ал Каеда.