Ураганот Ерл ја намали брзината

Јачината на ураганот Ерл се намалува со неговото приближување кон источниот брег во Соединетите Американски Држави. Националниот центар за урагани соопшти дека ветровите дуваат со брзина од 170 километри на час со што Ерл сега преминал во втората категорија на бури. Ново предупредување за тропска бура е издадено за Нова Англија од бреговите на Масачусетс до Мејн.Наредеденое 100 илјади луѓе да се евакуираат од тој регион.