Повторно одложено рочиште за „Мавровски работници“

Eкстрадицијата на обвинетиот за случајот „Мавровски работници“, Сафет Одриќ од Србија во Македонија, е причина за денешното одложување на рочиштето за 18 октомври.
Сафет Одриќ е уапсен во Србија на 10-ти минатиот месец и оттогаш се наоѓа во екстрадициски притвор.
Случајот „Мавровски работници“ е еден од вратените хашки случаи.
Обвинети се 23 лица, кои се товарат за киднапирање и неколкучасовно малтретирање на пет градежни работници во текот на конфликтoт во Македонија, во 2001 година.
Судското рочиште досега повеќепати беше одложувано поради недостапност на обвинетите и барањето на адвокатите целата документација да биде преведена на албански јазик.