Руски бизнисмен уапсен во Шпанија

Шпанската полиција уапси руски бизнисмен поради поврзаност со пожар што изби во руска дискотека минатата година, при што загинаа 156 луѓе. Уапсениот Константин Мрихин бил комерцијален директор на дискотека во Перм, во која во декември избувна голем пожар предизвикан од огнометот во диското. Руските власти го обвинија раководството на дискотеката дека ги игнорирало безбедносните стандарди. Мрихин ја напушти Русија за да се спаси од обинението за убиство без предумисла, но денеска беше уапсен во близина на Барцелона.