Од Западен Нил - 13 лица починаа во Грција

Бројот на починатите од вирусот Западен Нил во Грција достигна 13 лица, а потврдени се 156 случаи на заразени од оваа болест.
Здравствените власти во земјата соопштија дека ги зајакнале мерките за борба против комарците, кои се преносители на вирусот Западен Нил.
Најмногу случаи на заразени од овој вирус се регистрирани во реонот на Солун.