Палестинските и израелските лидери на мировни преговори во Вашингтон

Израелските и палестинските лидери изразија подготвеност за склучување на мировен договор за време на преговорите во Вашингтон. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека палестинскиот лидер Махмуд Абас е негов „партнер за мир“. Тој додаде дека дојдено е времето за склучување на траен мировен договор, дополнувајки дека било која идна спогодба меѓу израелците и палестинците мора да ги вклучи безбедносните гаранции кои му се потребни на Израел. Абас, пак, изрази надеж дека мировен договор може да се склучи во рок од една година.