Таџикистанскиот претседател го критикува носењето шамија

Таџикистанскиот претседател Имомали Рахмон остро ја критикуваше, како што вели, растечката мода за носење религиозна облека во оваа доминантно исламска централноазиска земја. Зборувајќи пред студентите на Националниот универзитет во Душанбе, тој рече дека е загрижен поради тоа што многу млади жени ја избегнуваат националната облека и и даваат предност на верската шамија. Ако некој од вас сака да се облекува во стилот на некоја друга земја, јас ќе го испратам таму, рече Рахмон.